Event Details
Startup Weekend Скопје
Startup Weekend е интензивен 54 часовен настан кој се фокусира на креирање на мобилни или интернет базирани решенија кои би можеле да се трансформираат во продуктивен бизнис. За време на викендот се создава панел од луѓе со различни профили и знаења – првенствено развивачи на софтвер, графички дизајнери и бизнис-економисти, со цел да се креираат продуктивни апликации со комерцијална стратегија за нивно имплементирање. Тоа е непрофитен и општествен настан кој има за цел да ги поттикне и охрабри младите луѓе да започнат свој бизнис и да го ја прифатат патеката на претприемништвото и иновацијата како нова насока за успех.
Членовите кои ќе аплицираат имаат 60 секунди да одржат воведен говор, по изложувањето на идеите се формираат тимови за најдобрите идеи, а потоа тимовите ја оформуваат идејата во прототип на производ кој би можел да прерасне во компанија или проект. На крај, викендот кулминира со демонстрација(презентација) пред членови од комисија и потенцијални инвеститори. Најдобрите тимови ќе бидат наградени во насока на остварување на нивната бизнис идеја и дооформување на нивниот продукт.
Овој настан се организира во Скопје по втор пат (првиот настан се одржа од 24- 26 Јуни 2011), со што првичното искуство беше одлично. За време на викендот 52 млади ентузијасти групирани во 9 тимови, работеа на реализација на своите бизнис идеи и за 54 часа успеаја да развијат демо верзија на производите кои ќе ги нудат на пазарот. Победничкиот тим составен од 5 млади таленти на возраст до 23 години беше носител на идејата Pocket Discount- геобазирана мобилна апликација, генератор на производи на попуст во супермаркетите. Тие заедно со уште 3 тимови, беа наградени во насока на реализацијата на својата идеја и трансформирање на истата во бизнис.
Следниот настан ќе биде одржан за време на викендот 11-13.11.2011 на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), а повеќе информации можете да добиете на http://skopje.startupweekend.org/.
Со почит,
Тимот на Startup Weekend Скопје
Startup Weekend АГЕНДА
11-13 Ноември 2011
ФИНКИ
Петок:
- 18.00 – Регистрирање на учесниците
- 19.00 – Започнување на настанот и Спикери
- 19.30 – Презентирање на идеите од страна на учесниците (60 секунди по човек)
- 21.00 – Гласање за најдобрите идеи од страна на присутните
- 21.15 – Формирање на тимови и дискутирање за идејата на која ќе работат
- 22.00 -01.00 – Тимовите започнуваат со работа
Сабота:
- 09.00 – Појадок и кафе
- 09.30 – Тимовите продолжуваат со работа. Пристигнување на менторите и работење со тимовите
- 13.00 – Ручек
- 19.00 – Вечера
- 19.30 – Проверка на прогресот, извштаи за завршената работа, помош
- 00.00 – Крај на денот. Можност да се остане до касно колку што е дозволено
Недела:
- 09.00 – Појадок и кафе
- 09.30- Тимовите продолжуваат со работа
- 13.00 – Ручек
- 13.30 – Пристигнување на менторите…
- 15.00 – Крајна проверка. Почнување со подготвување на презентациите
- 17.30 – Вечера
- 18.00 – Крајни презентации
- 19.30 – Гласање за најдобра идеја (од судиите) и доделување награди
- 20.30 – Пакување и спремање
- 21.00 – Одете дома и одморете се!