Startup Weekend презентиран на студентите од Земјоделскиот Факултет и ПМФ

by

На 3ти октомври студентите од Земјоделскиот Факултет и ПМФ дознаа нешто повеќе за ПСМ Бизнис Инкубаторот и Startup Weekend Скопје.

Голем мотив за студентите од Информатика за Бизнис Инкубаторот е фактот дека во Инкубаторот има 16 компании кои се од ИТ секторот, кои успешно растат и стануваат поуспешни секој ден. Се заинтересираа за своите колеги Pocket Discount, кои на првиот Startup Weekend Скопје го земаа првото место а и со тоа примамливите награди : шест месеци бесплатно користење на комплетно опремена канцеларија во ПСМ Бизнис Инкубаторот, обуки за започнување на успешен бизнис, консултации и поддршка и регистрирање на фирма.

Уште поинтересни награди ве очекуваат во ноември. Пријавете се !!!