Презентација за ПСМ Инкубаторот и Startup Weekend

by


На 28 Септември ПСМ Фондација одржа презентација за ПСМ Инкубаторот и  Startup Weekend на Машинскиот Факултет и Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје. Беа нагласени предностите да се биде дел од еден Бизнис Инкубатор, поттикот, растењето и заштитата кои ја добиваат Startup компаниите кои се во ПСМ Инкубаторот.

„Од идеја до бизнис за 54 часа“ мотото на Startup Weekend Скопје ги измотивира студентите да се задлабочат во своите идеи и да пронајдат нешто подлабоко и помоќно, Бизнис Идеја. Студентите слушнаа за бенефициите кои ги има еден млад човек со бизнис идеја кој е пријавен на Startup Weekend Скопје. Комплетната обработка на идејата, менторите, спикерите, наградите се само мал дел од овој настан.

Студените се заинтересираа околу условите за учество и начинот на пријавување. Единствен услов е да имате идеја која сакате да ја реализирате.  Пријавување на http://skopje.startupweekend.org/.

Ве чекаме во Ноември со вашата идеја !!!