Pocket discount- победници на првиот Startup Weekend во Скопје
Од 24 до 26 Јуни 2011 на Универзитетот ФОН, ПСМ Фондација го организираше првиот Startup Weekend во Македонија. За време на викендот 52 млади ентузијасти, работеа на реализација на своите бизнис идеи и за 54 часа успеаја да развијат демо верзија на производите кои ќе ги нудат на пазарот.
Учесниците имаа 60 секунди да ја презентираат идејата, по излагањето, за идеите кои беа изгласани како најдобри се формираа 9 тимови кои ја трансформираа идејата во прототип на производ истовремено изработувајќи и бизнис модел. На крај, викендот кулминираше со презентација пред тричлена комисија: Никола Шопов Марковиќ, ХП; Маја Протугер, Британска Амбасада и Небојша Јовановиќ, Дуна Компјутери.
Тимовите работеа на следниве идеи: Home W, Pocket Discount, Bet4win.net, Trip Box, CAM WEB, WEBIFY, Премија.мк, TipTrip.com и Tourist Guide од кои најголем број беа мобилни апликации и веб решенија и како најуспешни беа одбрани:
Место број 1: Pocket Discount- генератор на производи на попуст во супермаркетите: Тина Тренчева, Стефан Митев, Ненад Анчев, Благој Атанасовски.
Место број 2: TipTrip.com- најдете го соодветниот превоз до саканата дестинација: Викторија Гилева, Ристе Ѓорѓиев, Игор Ристoвски, Виолета Крлевска, Марјан Милошевиќ, Александар Тримчевски.
Место број 3: Bet4win.net- онлајн обложувалница: Југослав Мимовиќ, Томислав Насков, Башова Катерина, Ивана илиоска, Јасмина Ацковска, Тереза Кочовска, Добрила Дејаноска, Христина Панчевска и Trip Box- изразете ги вашите желби за саканите дестинации: Ангел Станоев, Даниел Смилков, Борко Јовановски, Дејан Атанасов.
Победничкиот тим е награден со 4 HP лаптопи од Дуна во соработка со HP, 6 месеци канцеларија во ПСМ Инкубаторот, регистрација на фирма, консултации и обуки. Тимовите кои го освоија второто и третото место беа наградени со 3 месеци канцеларија во ПСМ инкубаторот (само за вториот тим) и консултации и обуки.