GetFood.mk победници на Startup Weekend
Од 11 до 13 Ноември 2011 на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ, ПСМ Фондација го организираше вториот Startup Weekend во Скопје. За време на викендот 40 млади ентузијасти, работеа на реализација на своите бизнис идеи и за 54 часа успеаја да развијат демо верзија на производите кои ќе ги нудат на пазарот.
Учесниците имаа 60 секунди да ја презентираат идејата, по излагањето, за идеите кои беа изгласани како најдобри се формираа 8 тимови кои ја трансформираа идејата во прототип на производ истовремено изработувајќи и бизнис модел. На крај, викендот кулминираше со презентација пред петочлена комисија: Џоан Гилман, САД; Роџер Коудри, Велика Британија; Ерик Дин, Холандија; Јан Боден; Холандија; и Владимир Трајковиќ, Македонија.
Тимовите работеа на следниве идеи: Пренеси Ме, GetFood.mk, Virtual eMarket, OneStopShop.com, Consumer Environment, Brand You, iNeed, Etransport од кои најголем број беа мобилни апликации и веб решенија и како најуспешни беа одбрани:
GetFood.mk кои го освоија првото место и беа наградени со со 4iPad 16GB донирани од Владата на Република Македонија преку проектот Осмели се!, 10 часа консалтинг и обуки од ИТЦ Консалтинг, 2 недели користење на просторот на MB Office и лиценци Касперски за секој учесник од Кабтел.
Второто место го освоија Brand You и добија 1 недела користење на просторот на MB Office, лиценци Касперски за секој учесник од Кабтел обуки од ИТЦ Консалтинг, а третото место iNeed освоија лиценци Касперски за секој учесник од Кабтел обуки од ИТЦ Консалтинг.
Тимови на Startup Weekend vol.2
I. Веб Апликација која врши пребарување на производи кои се продавват online според одредени карактеристики:
1. Стојанчо Стамков
2. Александар Таневски
3. Ристе Ѓорѓиев
4. Викторија Гилева
5. Маријан Милошевиќ
II. Мерење и креирање на македонски брендирани компании:
- Борислав Трпески
- Нела Јолеска
- Христина Јолеска
- Милан Мирчески
- Жаклина Ѓерасимовска
- Игор Османов
- Елена Прокопиева
III. Вртуелен трговски центар:
| 1. Владимир Парлиќ |
| 2. Кире Георгиев |
3. Оливер Данилов
IV. митреба.мк (поврзување на мали бизниси со потенцијални потрошувачи):
- Мартин Анчевски
- Герчо Атанасов
- Јулијана Дукадиноска
- Александра Ристевска
V. Веб и мобилна апликација за нарачка и продажба на храна:
- Влатко Стојковски
- Емилија Андреева
- Кристијан Трајковски
- Кристијан Ристовски
- Ервин Јонузоски
VI. Портал за споделување на информации за транспорт:
- Оливера Аритоноска
- Стефан Митески
- Петар Јовановски
- Емилија Аритоноска
VII. Социјална мрежа за потрочувачи:
- Боривоје Михајловски
- Леа Павловиќ
VIII. Веб и мобилно решение за нарачување и закажување транспорт за луѓе и стока и евалуирање на услигите на превозните компании:
- Тимотеј Јакимовски
- Миладин Радовиќ
Со Startup Weekend Скопје до вредни награди
Млади луѓе со генијални идеи, дојде и тој момент да ви ги соопштиме наградите за Startup Weekend Скопје кој ќе се одржи од 11 – 13 Ноември на ФИНКИ. Најкреативните умови ќе заминат дома со полна кошница на награди.
Најдобриот тим ќе ужива во 1) 4 iPads 16GB; 2) две недели користење на просторот во МB Office; 3) Kaspersky лиценца за секој учесник; 4) 10 часа консултации со ITC Consulting и 5) обука за напредна продажба.
Тимот кој ќе го освои второто место ќе биде награден со: 1) една недела користење на просторот во MB office; 2) Kaspersky лиценца за секој кој е дел од тимот и 3) обука за напредна продажба.
Трето наградените ќе ја имаат можноста да учествуваат на обуката за Напредна продажба и ќе добијат Kaspersky лиценци за секој учесник.
Тимот кој ќе победи на Startup Weekend Скопје ќе ја има уникатната можност да стане директен учесник на Global Startup Battle. Секој кој ќе биде избран од фановите на Facebook на Global Startup Battle ќе биде дел од најголемото Startup случување во светот. Натпреварувајќи се со најдобрите идеи од цела Европа ја имате можноста да бидете видени од сериозни инвеститори и бизнис ангели кои се спремни да инвестираат. Исто така се борите за наградите како што се 40 часа веб дизајн од BTrax, PR Launch package од Kauffman Фондација, место за учество на DEMO Asia Startup Pavilion во Сингапур во февруари 2012 и многу други изненадувања.
Startup Weekend презентиран на студентите од Земјоделскиот Факултет и ПМФ
На 3ти октомври студентите од Земјоделскиот Факултет и ПМФ дознаа нешто повеќе за ПСМ Бизнис Инкубаторот и Startup Weekend Скопје. (more…)
Презентација за ПСМ Инкубаторот и Startup Weekend

На 28 Септември ПСМ Фондација одржа презентација за ПСМ Инкубаторот и Startup Weekend на Машинскиот Факултет и Универзитетот за Туризам и Менаџмент Скопје. Беа нагласени предностите да се биде дел од еден Бизнис Инкубатор, поттикот, растењето и заштитата кои ја добиваат Startup компаниите кои се во ПСМ Инкубаторот. (more…)















































































